Сахер торта од македонска домаќинка, повкусна од виенскиот оригинал

Оваа торта со светска слава, можеби најпознатата торта во светот и заштитен знак на австриската престолнина, неочекувано, повкусна од оригиналот во македонски „превод“ од рацете на нашата вредна читателка Рада Живанова

0
557

Состојки:

За тестото:

140 г путер

160 г шеќер

250 г чоколадо

8 жолчки

8 белки

120 г брашно

1 ванилин шеќер

За филот:

100 г мармалад од кајсии

100 г путер

250 г чоколадо за готвење

Приготвување:

Стопете го чоколадото на пареа. Одвојте ги жолчките од белките, па изматете ги белките со прстофат сол и оставете ги на страна.

Во друг сад матете ги путерот, шеќерот и ванилата. Додавајте ги жолчките една по една и постојано матете додека не се добие изедначена смеса.

Додадете го оладеното стопено чоколадо и матете убаво да се изедначи. Додадете ги белките и измешајте ги полека во смесата со лажица, додадете ги брашното и пецивото и повторно измешајте да се добие изедначена смеса.

Истурете ја смесата во подмачкан со путер и побрашнет тркалезен калап (26см) и ставете да се пече во загреана рерна на 170-180 степени околу 40 минути.

Печената торта оставете ја да лади во калапот 15-20 минути, потоа извадете ја, превартете ја и оставете целосно да се олади.

Поделете ја на половина.

Загрејте го мармаладот и премачкајте ја едната половина, ставете ја другата половина и премачкајте ја целата торта. Оставете ја во фрижидер околу половина час да се стегне.

Подгответе ја глазурата, чоколадото стопете го на пареа заедно со путерот и премачкајте ја целата торта. Оставете ја да се олади убаво.