Состојки:
За тестото:
140 г путер
160 г шеќер
250 г чоколадо
8 жолчки
8 белки
120 г брашно
1 ванилин шеќер
За филот:
100 г мармалад од кајсии
100 г путер
250 г чоколадо за готвење
Приготвување:
Стопете го чоколадото на пареа. Одвојте ги жолчките од белките, па изматете ги белките со прстофат сол и оставете ги на страна.
Во друг сад матете ги путерот, шеќерот и ванилата. Додавајте ги жолчките една по една и постојано матете додека не се добие изедначена смеса.
Додадете го оладеното стопено чоколадо и матете убаво да се изедначи. Додадете ги белките и измешајте ги полека во смесата со лажица, додадете ги брашното и пецивото и повторно измешајте да се добие изедначена смеса.
Истурете ја смесата во подмачкан со путер и побрашнет тркалезен калап (26см) и ставете да се пече во загреана рерна на 170-180 степени околу 40 минути.
Печената торта оставете ја да лади во калапот 15-20 минути, потоа извадете ја, превартете ја и оставете целосно да се олади.
Поделете ја на половина.
Загрејте го мармаладот и премачкајте ја едната половина, ставете ја другата половина и премачкајте ја целата торта. Оставете ја во фрижидер околу половина час да се стегне.
Подгответе ја глазурата, чоколадото стопете го на пареа заедно со путерот и премачкајте ја целата торта. Оставете ја да се олади убаво.