Состојки за тесто:
250 г брашно
1 јајце
2 лажици шеќер
прстофат сол
2-3 лажици млеко
Состојки за крем:
500 г урда
130 г шеќер
3 жолчки
3-4 лажици брашно
1 голем лимон
шеќер во прав за декорација
Приготвување:
1. Тесто:
Сите состојки нека бидат на собна температура. Замесете тесто од сите состојки додека не добиете компактна смеса која нема да ви се лепи за прстите. Поделете го тестото на 2-3 топчиња и оставете го настрана да се одмори, а во меѓувреме подгответе го кремот.
2. Крем:
Изматете ја урдата накратко со миксер. Изматете ги жолчките со шеќерот, додадете ја урдата и брашното, па на крајот и сокот од лимон. Соединете ги сите состојки.
3. Расукајте го тестото во круг. Земете тркалезен сад за печење, премачкајте го со путер и ставете го садот врз тестото за да ја одредите потребната величина. Исечете во форма на круг кој е 2-3 цм поширок од рабовите на садот. Ставете го тестото во садот, ставете пола од смесата врз тестото и преклопете ги краевите од тестото кои се надвор од садот з ада не истече кремот при печењето.
Печете на 180°C околу 50 минути. Откако колачот ќе се олади, поросете го со шеќер во прав.