„Неодамна читав текст за зрнестото овошје и неговите бенефити за здравјето“, пишува руската докторка Зухра Павлова.
„Глобализацијата ни овозможи постојано да имаме на дофат на рака разно овошје и зеленчук. Зрнестото овошје се увезува од разни страни на светот. Така, јадеме што сакаме и кога сакаме. Но природата не може да се прелаже – телото ќе има најголема корист од зрнестото овошје само тогаш кога сезонски стигнува кај нас. Што значи ако јадете зелка во декември – ништо од здравјето.
Овошјето и зеленчукот кои вештачки се одгледуваат, немаат ниту пола од оние корисни својства кои ги имаат во текот на сезоната.
Другата замка со овошјето е тоа што многу луѓе сметаат дека тоа нема калории. Тие мислат дека јаболката, лубеницата и другото овошје е само вода со витамини. Во меѓувреме, на таква „вода“ добиваат приличен број на килограми.
Имам пациенти кои ги добивале килограмите додека јаделе само лубеница.
Мора да знаете една работа: овошјето е полно со фруктоза. Вишокот фруктоза, посебно на празен стомак, ќе доведе до масна дегенерација на црниот дроб. Исто така, фруктозата придонесува за развој на дебелина, предизвикува имунитет на хормонот на масно ткиво лептин и на хормонот инсулин на панкреасот. За возврат тоа доведува до постојано зголемување на апетитот.
Тоа е маѓепсан круг“.
Фото: Pixabey