Ручек за на работа

Еве еден предлог за ручек што можете да го земете со себе на работа наместо да купувате едно па исто и да јадете колку да се јаде.

0
881

Состојки:

За филот:

100 мл маслиново масло

500 г праз

200 г моцарела или урда

Сол

Црн пипер

За тестото:

500 г брашно

1 сув вквасец

Лажичка сол

Лажичка шеќер

Топла вода

Приготвување:

На маслиново масло издинстајте го празот. Зачинете го и оставете го да се олади. Направете тесто од наведените состојки и полека додавајте од топлата вода додека не се формира тесто кое нема да ви се лепи. Ако е потребно за да моете да го расукате, додадете малку брашно на работната површина. Формирајте кругови од тесто со димензии од околу 20 цм, наполнете ги со фиот, поросете со моцарела и затворете го тестото. Печете ги во загреана рерна на 170 степени околу 35 минути.