Состојки:
За филот:
100 мл маслиново масло
500 г праз
200 г моцарела или урда
Сол
Црн пипер
За тестото:
500 г брашно
1 сув вквасец
Лажичка сол
Лажичка шеќер
Топла вода
Приготвување:
На маслиново масло издинстајте го празот. Зачинете го и оставете го да се олади. Направете тесто од наведените состојки и полека додавајте од топлата вода додека не се формира тесто кое нема да ви се лепи. Ако е потребно за да моете да го расукате, додадете малку брашно на работната површина. Формирајте кругови од тесто со димензии од околу 20 цм, наполнете ги со фиот, поросете со моцарела и затворете го тестото. Печете ги во загреана рерна на 170 степени околу 35 минути.