Ролувана јагнешка плешка
Класично омилено велигденско јадење од јагнешка плешка полнета со крцкав кромид, лук и панцета за подобар вкус, што гарантира дека вашите гости ќе бидат задоволни. Јадењето е за 6 лица. Нудиме едно велигденско мени. Пробајте.
Состојки:
1½ кг јагнешка плешка без коски
2 гранчиња рузмарин
1 лажичка маслиново масло
50 мл оцет од бело вино
За полнење:
25 гр путер
4 главици долгнавест шалот кромид, ситно исечен
2 чешниња лук, згмечени
50 гр панцета сечена на коцки
половина китка магдонос, грубо исечкан
6 листови жалфија, искинати
1 лажичка рендана кора од лимон
50 гр трошки од свеж бел леб
1 жолчка од јајце
Приготвување:
1. Во голема тава, стопете го путерот на тивко и додадете го кромидот. Пржете на тивко околу 10 минути додека да омекне кромидот, па додадете го лукот и мешајте околу 1 минута.
2. Засилете го огнот, додадете ја панцетата и малку зачинете. Пржете додека панцетата стане крцкава, а кромидот златно-жолт. Намалете го огнот, па додадете ги другите состојките. Тргнете ја сместа од рингла да се излади.
3. Ставете ја јагнешката плешка на даска со масната страна од долу. Распоредете ја смесата за полнење на средината од плешката. Преклопете ги страните и замотајте го месото во ролат, така што смесата ќе се гледа само на краевите. Со конец за готвење врзете го ролатот, а при врзувањето забодете го рузмаринот во месото. Потоа ролатот истријте го со сол и малку црн бибер.
4. На загреано масло на висока температура во голема тава ставете го јагнешкото месо да се запече однадвор, при што го превртувате секоја минута додека добиете златна боја, вкупно околу 6 минути. Извадете го од тавата и ставете го во тава за печење. Печете на 200C или 180C со вентилатор, 1 час и 25 минути. Преливајте со оцет што ќе помогне кожата да крцка, а потоа печете во рерна 1 час или малку повеќе. Кога ролатот е готов оставете го да се одмори најмалку 10 минути на даска покриено не многу цврсто со фолија.
Артичоки на пареа со лимон и лук
Состојки:
(за 10 порции)
8 артичоки исчистени и омекнати на пареа
1 цела главица лук
1 чаша вода
1 чаша мајонез
1 лажица ситно рендан кората од лимон
2 лажици свеж сок од лимон
1/4 лажичка бел пипер
малку шеќер
малку сол
Приготвување:
1. Во голем лонец наредете ги артичоките исправени. Додадете го лукот и налејте вода. Оставете водата да зоврие. Намалете ја топлината и покријте со капак. Варете 35 минути. Префрлете ги артичоките и лукот на чинија и оставете да се изладат.
2. Излупете и притиснете 4 чешниња лук. Згмечените чешниња замешајте ги во смеса од мајонез, рендана кора од лимон, сок од лимон, пипер, шеќер и сол.
3. Отстранете ги надворешните листови од артичоките. Чувајте во фрижидер додека ги послужите.
Спанаќ на пареа со лимон
Спанаќот приготвен на пареа за само неколку минути, прелиен со маслиново масло е одличен извор на фолна киселина што штити од некои видови рак.
Состојки:
(за 4 порции)
270 г исчистен спанаќ
1 лажица екстра-девственото маслиново масло
1 лажица свеж сок од лимон, плус крички лимон и за декорација
1/8 лажичка крупна сол
Приготвување:
1. Обарете го спанаќот во лонец со додаток за готвење на пареа, околу 3-4 минути.
2. Префрлете го спанаќот на чинија. Прелијте со масло, сок од лимон и сол. Гарнирајте со лимон. Послужете веднаш.
Тарт со тиква
Состојки:
За тестото
160 г интегрално брашно
70 г шеќер во прав
80 г ладен путер
1 јајце
½ лажичка сол
кора од лимон и портокал
За полнење на тартот:
400 г коцки од тиква (печени и згмечени во пире)
300 г слатка павлака
80 г запечени излупени бадеми
50 г кафен шеќер мусковадо
1/8 лажичка сол
1 г семки од кардамом
7 г стапче цимет
4 г ливчиња од црн чај
0,5 г црн пипер
5 г морско оревче
4 жолчки од јајце
4 листови желатин
Приготвување:
1. Сите состојки ставете ги изматете ги со микесер или со рака. Тестото ставете го во фрижидер 30 минути да се излади. Потоа извадете го и развлечете го во големина на калапот за тарт, со рабовите малку подигнати.
2. Излупените бели бадеми потопете ги во млеко и павлака, и оставете ги настрана неколку часа.
3. Исцедете ги бадемите и сварете со шеќерот, солта, пирето од тиква и жолчките, варете многу кратко. Замешајте го подготвениот желатин и истурете го во полнењето да се стврдне. Украсете со 200 г коцки од тиква потопени во 100 мл сок од портокал.
Подготви: А.Ј.