Мафини со морков

0
1128

Состојки:

175 гр светол мусковадо кафен шеќер
100
 гр интегрално брашно
100
 гр брашно
1 лажичка сода бикарбона
2 лажички м
ешан зачин за колачи
рендана кора од 1 портокал
2 јајца
150 мл сончогледово масло
200 гр моркови, рендан
и
портокалова боја
 за декорација

За прелив:

100 гр путер, омекнат на собна температура
300
 гр  меко сирење
100 гр шеќер во прав, пр
осеан
1 лажичка екстракт од ванила

Приготвување:
1. Во голем сад измешајте ги шеќерот, брашното, содата бикарбона, мешаниот зачин и кората од портокал.

2. Изматете ги јајцата и маслото заедно, а потоа додадете ги во сувите состојки заедно со ренданиот морков.

3. Сипете ја смесата во хартиени чашки за мафини. Печете 20-22 минути на 180C/160C со вентилатор.

4. За преливот, изматете го путерот и додадете го крем сирењето, а на крај додадете ги шеќерот во прав и ванилата и повторно изматете.

5. Нанесете го преливот на врвот на колачите, а потоа украсете ги по желба.