Ролат со јагоди

Кога ќе се појават домашните јагоди, навистина им е тешко да се одолее. Овој колач совршено го истакнува нивниот сладок о освежителен вкус. Најважно од сѐ, се прави едноставно и брзо.

0
226

Состојки:

За кората:

3 белки

6 лажици шеќер

1 лажица јаболков оцет

Ливчиња бадеми

200 г јагоди

За филот:

400 мл павлака

3 лажици мед

Приготвување:

Изматете ги белките и шеќерот, па додадете лажица јаболков оцет. Врз хартија за печење поросете ливчиња бадеми и па премачкајте ја смесата.

Печете 10 минути на 200°C па уште 10 на 170°C. Ситно исечкајте 200 г зрели јагоди.

За филот:

Изматете ја павлаката со медот.

Премачкајте ја кората со филот, распоредете ги јагодите, завиткајте го ролатот и украсете.

Фото: Pixabey