Состојки:
За кората:
3 белки
6 лажици шеќер
1 лажица јаболков оцет
Ливчиња бадеми
200 г јагоди
За филот:
400 мл павлака
3 лажици мед
Приготвување:
Изматете ги белките и шеќерот, па додадете лажица јаболков оцет. Врз хартија за печење поросете ливчиња бадеми и па премачкајте ја смесата.
Печете 10 минути на 200°C па уште 10 на 170°C. Ситно исечкајте 200 г зрели јагоди.
За филот:
Изматете ја павлаката со медот.
Премачкајте ја кората со филот, распоредете ги јагодите, завиткајте го ролатот и украсете.
Фото: Pixabey