Рогач наместо чоколадо, лек против мачнини и пролив

Во минатото, барем кога станува збор за медитеранските земји, кога децата ги мачел пролив, старите им давале неколку лажички каша од рендани јаболка и мелен рогач. Пејачите одамна увиделе дека благотворно делува и на гласните жици.

0
603

Во последно време сѐ почесто се зборува за рогачот како алтернатива за чоколадо. Природната слаткост на рогачот овозможува со него одлично да се заменат какаото и производите од какао. Иако во индустриското производство се користи само последните дваесетина години, рогачот не е прехранбена новост. Не толку одамна, пејачите џвакале плодови од рогач затоа што се сметало дека ги прочистуваат грлото и гласот.

Рогачот расте кај нас, го има во градскиот парк во Скопје, но е особено карактеристичен за медитеранските подрачја кадешто се одгледува најмалку 4 илјади години и тоа токму поради својот сладок и хранлив плод – мешунките.

Пред повеќе од две илјади години Исусосвиот крстител Иван одел низ пустината и се хранел со рогач, плод добар како леб и сладок како колаче. Затоа подоцна рогачот го нарекле Иванов леб. Потекнува од Сирија и Палестина, а пред доаѓањето во Европа, со векови се употребувало како одлична намирница за исхрана на луѓето и стоката.

Во минатото, Грците откриле дека секоја семка од мешунката на рогачот, каква и да е таа, секогаш тежи 0,18 грама. Затоа една семка од рогач станала еден карат, мерка за тежина на скапоцените камења и златото.

Станува збор за билка која сака сушни услови, далеку од штетниците. Расте до 15 метри за 50 години. Иако првите 15 години не носи плодови, подоцна има богат род сѐ до длабока старост. Големо дрво може во еден род да донесе и тон плодови. Додека се развива мешунката на рогачот има зелена боја, која со време станува темно кафена. Во мешунките има до 15 семки, кои наликуваат на семки од лубеница. Целиот плод на рогачот, и мешунките и семките се јадливи.

Фото Pixabey: Зрели плодови рогач

Народната медицина најмногу го препорачува рогачот како помош при мачнини, пролив и повраќање, особено кај мали деца и трудници.

Во минатото, барем кога станува збор за медитеранските земји, кога децата ги мачел пролив, старите им давале неколку лажички каша од рендани јаболка и мелен рогач. Пејачите одамна увиделе дека благотворно делува и на гласните жици, а тоа е затоа што неговата слуз со вкус сличен на чоколадо помага при кашлица, воспаление на белите дробови, грлоболка и бронхитис. До појавата на вештачките сладила, рогачот се употребувал како природно сладило.

Инаку, рогачот е добар извор на витамини, особено на витамини А, Б и Д, како и на минерали како што се фосфорот, калиумот, калциумот и магнезиумот. Во рогачот има малку масти, богат е со пектин и протеини, ниеден негов облик не е штетен за здравјето и ретко предизвикува алергии. Природно слаткиот рогач ја прави храната посилна, но не и помрсна. По составот е многу поприфатлива намирница од чоколадото, особено за дијабетичарите, оние кои се алергични на чоколадо, лицата кои имаат проблем со тежината и оние кои боледуваат од мигрени и други писихички проблеми. Рогачот со своето делување нема од нашиот организам да ги исцрпи витамините од Б-групата, а повочно делува и на крвниот притисок.

Во прехранбената индустрија рогачот се користи како стабилизатор и средство за потемнување.

Исто така, мелените плодови на рогачот ќе ги најдеме во разни чаеви против настинка и пролив, во препаратите за слабеење, енергетските плочки и замените за кафе и чоколадо.

Кога се прави колач со рогач, поради неговата природна слаткост, има потреба од многу помалку шеќер отколку ако истиот колач се прави со какао.

Често, освен со мелени ореви и мак, се прават штрудли и со мелен рогач.