Њоките се популарно јадење особено во Италија, но рецептот за оние кои се познати како римски њоки се непроменети до денес: главна состојка на римските њоки не се компирите, туку гризот.
Откако ќе ги направите, слободно одвојте еден дел, оладете ги, спакувајте ги во кесички и замрзнете ги за другпат.
Состојки:
250 г гриз
1 л млеко
100 г путер
2 жолчки
100 г рендан пармезан
40 г тврд кашкавал
сол
прстофат мускатно оревче
Приготвување:
Ставете го во тенџере млекото, путерот, сол и прстофат мускатно оревче.
Кога ќе зоврие млекото, постојано мешајќи се додава гризот и се вари додека не се згусне. Тргнете го од оган и мешајќи со дрвена лажица додадете ги жолчките. Потоа додадете го пармезанот и добро измешајте..
Половина од смесата распоредете врз мрсна хартија и внимателно со рацете претходно натопени во ладна вода обликувајте две парчиња во форма на „ролат“. Ставете ги на 20 минути во фрижидер.
Кога ќе се олади смесата, со нож сечете тркалца со дебелина од околу 1 цм. Распоредете ги на тепсија врз мрсна хартија, намачкајте ги со растопен путер и поросете со рендан кашкавал.
Печете ги 20 до 25 минути во загреана рерна на 200 степени. Послужете ги топли.
Фото: Pixabey