Растителните сирења, шлаг, павлака…не се посни

Ознаката „посно“ на намирниците во следните денови на Велигденскиот пост ќе им донесат на трговците завиден профит, но со нив, многу верници, и не знаејќи ќе ги прекршатправилата за воздржување од мрсна храна

0
794

Многу од производите кои се декларираат како посни, всушност не се посни. Иако би требало за вакви измами да се пропишат строги парични казни, со оглед на тоа што овие намирниците со овие натписи се во слободна продажба, веројатно тоа не е случај. Овие намирници всушност содржат траги од јајца, млеко, путер, свински и говедски желатин.

Една од најголемите заблуди се растителните сирења. Веројатно повеќе од 90 отсто од испитаниците би кажале дека нема дилеми дека е растителното сирење посно, меѓутоа, такво е единствено она од соја, додека повеќето други содржат натриум казеин. Станувазбор за протеин кој го има единствено во млекото, а на тие растителни сирења им се додава за да добијат тврдост. Сирењето со растителни масти е многу помеко и производителите му го додаваат овој протеин затоа што тој како стабилизатор и емулгатор е добар за да ја врзе водата од млекото и даја зацврсти структурата на производот.

Без овој ензим не е можно дасе произведе ниту „посен“ шлаг или„растителна“ слатка павлака.

Така е и со производите кои содржат лактоза, затоа што е тоа шеќер кој е природно присутен во млекото од животинско потекло. Затоа и намирницитеи производите кои го содржат овој шеќер не можатдабидат посни.

Најдобро е кога се во дилема, купувачите да ги читаат и декларациите напишани на другите јазици од Европската унија, за да не се случи да купат „посен“ производ во чиј состав има белка од јајце.

Исто така, глупаво е да се пости, а да се бара замена за секоја можна намирница, бидејќи суштината на постот, барем на оние кои постат од вистински причини, ане заради диета, е да се воздржиме од одредени намирници, а не да ги замениме со други.

Фото: Pixabey