Состојки:
Една помала конзерва или тегла со наут
1 лажичка прашок за пециво
120 грама гранулиран шеќер
Приготвување:
Загрејте ја рерната на 120° C. Ставете мрсна хартија за печење во тепсија и премачкајте ја со мала количина зејтин за да не се лепат пуслиците за хартијата. Испразнете ја теглата или конзервата наут и ставете ја водата во еден сад.
Додадете 1 лажичка прашок за пециво и матете со миксер додека не добиете убава бела смеса, а потоа полека, постојано мешајќи додавајте иста количина шеќер. Смесата ќе почне да се згуснува.
Со лажица ставајте од смесата врз хартијата за печење и ставете ги во загреана рерна па печете ги 1 час.
Ако се сѐ уште лепливи оставете ги во рерна уште 10 минути.
Извадете ги од рерна и оставете ги преку ноќ на ладно место.