Крушите се богати со витамини и минерали неопходни за здравјето, како калиум, витамин Ц и К, фенолни соединенија, фолати, диетални влакна, бакар, манган, магнезиум, како и витамини Б-комплекс.
Состојки:
2 помали круши
50 г путер
50 г брашно
50 г шеќер или природен засладувач
1 јајце
1 лажичка ѓумбир
1 лажица рендана кора од портокал
2 лажици сируп од ѓумбир
Приготвување:
На хартија за печење ставете шолја од кафе или чинија за пудинг и со молив исцртајте два круга па исечете ги со ножици. Направете толку кругови колку што сакате да имате порции, а со бројот на порциите се зголемуваат и состојките.
Со путер намачкајте ја внатрешноста на шолјата или садот, а потоа намрсете ја и исечената хартија.
Крушите излупете ги и исечкјајте ги на ситни парчиња. Со миксер измешајте ги брашното, путерот, шеќерот и јајцето, а потоа додадете ги ѓумбирот и кората од портокал и измешајте рачно.
Во садовите за пудинг ставете лажица сируп од ѓумбир, додадете парченца круша и на крајот прелијте со тестото и поклопете со круговите од хартија. Печете во микробранова 4 минути на најсилна температура, извадете ги и оставете да се оладат.
Превртете ги садовите и извадете го пудингот. Декорирајте такашто ќе го полеете пудингот со сируп, ќе поросите со шеќер во прав или со парченца круши.