Протеинска бомба: Салата од грав како главно јадење

0
497

Гравот е извонреден извор на протеини од растително потекло, како и јаткастите плодови како што се на пример, оревите. Ако ги споите овие две состојки во една убава салата, ќе добиете вкусен оброк кој може да ви биде и ручек сам за себе.

Состојки:

1 конзерва од 400 г бел грав (или ако имате повеќе време, сварете го гравот што сте го накиснале претходната вечер и исцедете ја водата во која се варел)

60 г ореви

Пола зелено јаболко

3 лажици маслиново масло

1 лажица јаболков оцет

1 чешне лук
1 лажичка Дижон сенф

Сол и црн пипер

Приготвување:

1. Исцедете го гравот.
2. Оревите потпечете ги неколку минути во врела тава.
3. Јаболкото исечете го на ситни коцки, а лукот згмечете го.
4. Направете прелив за салатата од сол, црн пипер, масло, оцет и сенф. Добро измешајте ги сите состојки.
5. Ставете го гравот во еден сад заедно со оревите, јаболкото и лукот, па одозгора прелијте со подготвениот прелив и уживајте.