Прославете го Денот на помфритот

Pommes frites, French fries или чипс? Имаат различни називи ширум светот, ни едно е сигурно – пржените компирчиња им се омилени на многумина. Токму затоа ова интернационално јадење добило и свој ден кој се одбележува на 13.јули.

0
231

Секако дека треба да се одбележи денешниот ден на помфритот, но сепак одберете ја поздравата варијанта и направете помфрит без масло, испечен во рерна.

Состојки:

Компири исечени на тенки стапчиња
Сол
Црн пипер
Ситно сечкан магдонос
Останати зачини по желба (на пример, рузмарин)
Хартија за печење

Приготвување:

Ставете хартија за печење во тепсија и распоредете ги врз неа исечканите и посолени компирчиња за да можат рамномерно да се испечат.
Печете ги на 180 степени Целзиусови 20 до 25 минути. Пред крајот, зголемете ја температурата на 200 степени и додадете ги зачините.