Пробајте за појадок крцкави похувани јајца на око

Еве уште еден едноставен, а генијален рецепт за нешто старо во ново крцкаво руво.

0
921

Уживајте во рецептот на Бајрoн Талбот: похувани крцкави јајца на око со многу зачини.

Состојки:

Јајца

Леб

Магдонос

Рузмарин

Мајчина душица

Сол

Млеко

Брашно

Масло или путер

Оцет

Приготвување:

1. Измешајте ги лебните трошки, магдоносот, рузмаринот, мајчината душица и малку сол.

  1. Ставете ги трошките на тава за печење и во загрена рерна на 130 степени на 10 до 15 минути додека мешавината добро не се исуши.
  2. Во меѓувреме направете поширано јајца: Во тенџере ставете вода која малку сте ја посолиле и сте додале бел вински оцет и варете едно по едно јајце по околу 30 секунди и потоа извадете ги на чиста кујнска крпа и оставете ги да се исушат и малку да се оладат.
  3. Извалкајте ги јајцата во брашно, потоа во мешавина од разматено јајце со млеко, а потоа во трошките со зачини.
  4. Добро загрејте го маслото и пржете ги јајцата 2-3 минути. Средината од јајцата треба да биде течна, а кората крцкава.