Проја со хељдино брашно

Да, ова е еден од најлесните и најбрзите начини да направите нешто солено за јадење, а варијантите за избор на брашното и останатите додатоци се навистина многу.

0
477

Ова брашно, макар и во комбинација со некое друго, како во случајов, дава поинаков вкус од оној што вообичаено го има пројата, а ако додадете и малку сода бикарбона, ќе добиете неверојатно меко тесто.

Состојки:

4 јајца

2 шолји кисело млеко

1/2 шолја масло

1/2 шолја вода со пола лажичка сода бикарбона

1 и пол шолја хељдино брашно

1 шолја бело брашно

1 шолја пченкарно брашно

200 г сирење

1 прашок за пециво

семки за поросување

Приготвување:

Изматете ги јајцата па додадете ги течните состојки. Потоа додавајте ги полека трите видови брашно, прашокот за пециво и содата и убаво измешајте.

Истурете ја смесата во подмачкана тава и поросете со семки по ваш избор.

Печете 30-35 минути на 190 степени.