Приклучете се на глобалниот предизвик: Две недели без пластика

Новиот глобален предизвик почнува на 22.мај, а ќе трае до 5.јуни. #NoPlasticChallenge ги повикува сите луѓе во период од две недели да ги отфрлат пластичните производи за еднократна употреба кои не можат да се  рециклираат. Предизвикот го почнала француската агенција „No plastic in my sea“.

0
163

Приклучете се кон новиот глобален предизвик кој почнува од 22.мај, а ќе трае до 5.јуни и не користете пластични кеси, прибор за јадење, пластични чинии, чаши, шишиња, сламки во период од две недели.

Исто така, избенувајте ги производите кои имаат пластична амбалажа и кои не можат повторно да се користат како и хигиенски производи кои имаат пластична амбалажа. Во овие две недели, не нарачувајте храна од рестораните и така избегнете го пластичниот прибор за јадење!

И ние ја поддржуваме иницијативата на француската агенција  No plastic in my sea, бидејќи секој од нас може барем на две недели да се откаже од еднократна пластика, а по истекот на рокот од две недели ќе сфатите колку навистина можете да го намалите нејзиното користење во секојдневниот живот.

„Од 1950-тите произведени се 8,3 милијарди тони пластика чие влијание на околината станува сѐ потешко. Нејзината распространетост е толку голема што системите за рециклирање го губат чекорот, а пластиката во голема мерка завршува во природата. Ако продолжиме со ова темпо до 2050.година пластичниот отпад во океаните ќе биде присутен во поголема количина од рибите. Проценките се дека во светските океани има повеќе од 150 милиони тони пластика, што доведува до смрт на 100 илјади морски цицачи кои умираат од голтање или од заплеткување во пластичниот отпад.

За да се спречи натамошното ширење на пластичниот отпад, француското здружение  No plastic in my sea по вторпат го почнува предизвикот  #NoPlasticChallenge и апелира до сите луѓе во светот да се придружат. Во здружението No plastic in my sea истакнуваат дека само во Франција во 2017.година производството на пластика се зголемило за 7,8 %. Многу наши читатели веќе престанале  да користат пластични сламки, чаши и кеси, како и стапчиња за уши, затоа што нивната употреба веќе во 2021.година ќе биде забранета. Ако се одлучите да ѝ се придружите на оваа иницијатива, сите искуства и фотографии, можете да ги споделите со клучниот збор  #NoPlasticChallenge на Твитер и на Фејсбук. Предизвикот завршува симболично пред Светскиот ден на океаните, 8 јуни, кога се очекува објава на најновите извештаи за состојбата на светските мориња и океани.

Фото: Pixabey