На 7 и 8 јуни во Хотел ПАРК се случува 4.издание на „Долче Вита“, специјализиран настан посветен на италијанската храна и вино, во организација на Италијанската агенција за промоција и интернационализација на италијанските компании во странство во соработка со Амбасадата на Република Италија во Македонија.
Станува збор за специјализиран настан посветен на италијанската храна и вино, наменет за македонските увозници, дистрибутери и преставници од секторот ХО.РЕ.КА, со цел промоција на врвниот квалитет и имиџот на производите „Made in Italy“.
На овогодишната презентација учествуваат 7 италијански фирми, производители на прехранбени производи и пијалоци, кои се уште не се присутни на македонскиот пазар: Acetaia fondo montebello (оцет балсамико), Bacco (традиционални производи од ф’стак и песто), Cantina malena (вино), Grissinificio europa (типични италијански пецива и грисини), Schenk italian wineries (вино), Toso (вино и пенливи вина), Varvaglione (вино).
Во рамките на настанот предвидена е презентација на можностите и стратегиите за влез на пазарот за италијански производи, посета на водечките ланци на супермаркети како и Б2Б средби со претставниците на македонските компании.