Предлог мени од Бимилк

Поаѓајќи од премисата - Битолската павлака е „омилена со секој оброк“, но и во секое време, од Бимилк стаса предлог-мени со 3 различни рецепти за комплетен оброк, односно предјадење, главно јадење и десерт, во кои главната „тајна“ состојка е токму павлаката.

0
190

Битолската павлака, велат од Бимилк, одлично се комбинира со сѐ: за брз појадок, како што е ѓеврече или сендвич, состојка за вкусна пита или проја, прелив за месо за ручек или сос за тестенини за вечера, или, пак, за кремаст вкусен колач за десерт!

Предлог-менито на Бимилк содржи: брускети со намаз од павлака, бели тестенини и колач со праски и крем.

Брускети со намаз од павлака и кромид

Состојки:

1 стар багет исечен на парчиња

1 Битолска павлака од 180 г

2 лажици мајонез

1 голем кромид исечен на ситни коцки

Перца од 1 младо кромитче

1 чешне лук

50 г биено сирење или пармезан

Маслиново масло

Сок од половина лимон

1 домат

Зачини по вкус: оригано, мајчина душичка, копар, сол, бибер

Приготвување:

  1. Кромидот исечен на ситни коцки, чешнето лук, Битолската павлака и мајонезот убаво измешајте ги додека смесата не се соедини.
  2. Потоа додадете го маслиновото масло, сокот од лимон и зачините и повторно измешајте.
  3. Намазот оставете го во фрижидер за да се излади, а во меѓувреме багетот исечете го на парчиња и убаво намачкајте го со маслиново масло.
  4. Парчињата леб печете ги во загреана рерна околу 5 минути или додека не се заруменат.
  5. Додека парчињата се уште топли, намачкајте ги со намазот од павлака и одозгора изрендајте го биеното сирење или пармезанот. Декорирајте со сечкани перца од млад кромид и парчиња домат.

Бели тестенини со павлака, пилешко и зеленчук

Состојки:

1 пакување тестенини по избор

250 г Битолска павлака

150 г моцарела

1 тиквичка

грст грашок

100 г бело пилешко месо

магдонос

зачини по желба

Приготвување:

  1. Тиквичката исечкајте ја на коцки и пропржете ја во малку вода и масло заедно со сечканото пилешко месо.
  2. Додајте го грашокот, па динстајте додека не омекне.
  3. Зачинете по желба со сол и/или зачини, додајте малку црн пипер, па сипете ја Битолската павлака.
  4. Тестенините претходно сварете ги според упатството на пакувањето, па сварени додајте ги во зеленчукот и убаво промешајте.
  5. На крајот додајте ја иситнетата моцарела и уште еднаш промешајте за моцарелата да се распореди насекаде.
  6. Наросете свеж магдонос и послужете додека е топло.

Колач со праски и крем

Состојки:

За тестото:

6 јајца

6 лажици шеќер

6 лажици брашно

2 лажици млеко

1 пециво

околу 1 кг праски

За филот:

1 л Битолско млеко

9 лажици шеќер

3 пудинзи од ванила

400 г Битолска павлака

Приготвување:

Тесто:

  1. Најпрво раздвојте ги белките од жолчките во два сада.
  2. Во жолчките ставете половина од количината шеќер и матете до побелување на смесата, па додадете го и млекото.
  3. Во друг сад, со чисти маталки изматете ги белките додека не добиете снег и додадете го останатиот шеќер.
  4. Со лесни движења соединете ги двете смеси, а притоа додавајте го и брашното што претходно сте го просеале, како и пецивото.
  5. Смесата истурете ја во тава и печете во загреана рерна на 200 степени околу 15 минути. Оставете го колачот да се подизлади.

Фил:

  1. Додека тестото се лади, исечете ги праските на парчиња. Може да употребите и праски од конзерва.
  2. Праските наредете ги врз тестото.
  3. Во сад сипете половина количина од млекото заедно со шеќерот за да се загрева.
  4. Во остатокот од млеко растворете ги пудинзите.
  5. Соединете ги двете смеси и варете на умерен оган до згуснување. Смесата оставете ја настрана околу 10 минути и повремено промешувајте.
  6. Во топлиот пудинг додајте ја Битолската павлака и соединете со миксер. Топлата смеса истурете ја врз наредените праски.
  7. Оставете го колачот во фрижидер најмалку 3 часа за да се излади пред послужување.
  8. По желба, врз кремот може да ставите парчиња праски и шеќер во прав.

Уживајте во овој комплетен оброк и споделете го вашето искуство. Кое е вашето омилено јадење со Битолска павлака?