Предизвикај го Вања!

Испратете рецепт од традиционална македонска храна и фотографија од истата и предизвикајте го познатиот шеф Вања Пушкар да го презентира истиот во ново „руво“.

0
189

На 24.март во Јавна соба гостува Вања Пушкар,  основач и главен готвач во ресторанот Ирис – нова балканска кујна во Белград.

Доколку сакате да бидете помеѓу среќните добитници на ваучер за вечерата New Balkan Cuisine во Јавна соба, испратете рецепт од традиционалната македонска храна и фотографија од истата и предизвикајте го шеф Вања Пушкар да го презентира истиот на најсовремен начин.

Рецептот и фотографијата испратете ги на фејсбук профилот на Јавна соба или на [email protected] најдоцна до среда, 21. март 2018, заедно со вашето име, презиме и контакт телефон.

Учесниците чиишто рецепти ќе бидат три првоизбрани, освен ваучери за вечерата New Balkan Cuisine на 24. март во Јавна соба, ќе добијат и можност на 24. март од 12 часот да работат заедно со Вања Пушкар на осовременување на своите рецепти.
Процесот ќе биде документиран од страна на професионален фотограф, а резултатите објавени во јавност.

Право на учество имаат сите гурмани, сладокусци, аматери и професионални готвачи.
Едно лице може да поднесе повеќе предлог рецепти.