Празничното печење колачи е секогаш можност за нови светкави декорации. Луѓето сакаат да додаваат светки на своите новогодишни колачи за да создадат нешто што ќе наликува на снег. Но како и да е, не се сите светки јадливи и Агенцијата за храна и лекови предупредува да се биде внимателен пред да се изеде нешто што може сериозно да му наштети на вашето здравје.
Некои декоративни светки и светкава прашина кои се рекламираат за употреба со храна, практично можат да содржат материи кои не смеат да се јадат, велат од ФДА. На својот вебсајт напишал дека голем дел од декоративните светки што ги гледате на интернет и во продавниците, а кои се означени како „сјајна прашина, диско прашина, светлина, трепет во прав, бисерна прашина и слично“, всушност, не смеат да бидат проголтани.
„Светките не се храна“, вели Ендрју Столбах, медицински токсиколог и вонреден професор по итна медицина на Медицинскиот факултет при Универзитетот Џонс Хопкинс, за Refinery 29. Ако ги внесете, вели тој: „Можат да влезат во вашите белите дробови и да предизвикаат иритација, кашлање, скратен здив, и слично“.
За среќа, тоа се случува само во екстремни случаи. Ако случајно изедете нејадлив сјај, веројатно само ќе помине низ вас“, вели д-р Столбах. Значи дека вашето тело ќе го елиминира како отпад, а вие потоа можеби ќе видите нешто блескаво во вашата тоалетна шолја.
ФДА вели дека можете да ја видите разликата помеѓу јадливите и нејадливите декоративни светки со внимателно проверување на етикетата на кој било декоративен производ што го користите во храната. „Компаниите кои прават лебдечки сјај и прашина се законски обврзани да вклучат листа на состојки на етикетата“, велат тие.
Тоа значи дека ако можете да го јадете, тоа вклучува работи како шеќер, акациа, малтодекстрин, пченкарен скроб и одобрени додатоци во боја. Исто така, на повеќето светкави декорации кои можат да се јадат пишува „edible“.
„Ако етикетата едноставно вели „нетоксични“ или „само за декоративни цели“ и не содржи листа на состојки, не треба да го користите производот директно на храна“, велат од ФДА.
Фото: Pixabey