Постојано сте уморни и се дебелеете?

Ако е ова случај и со вас, можеби ви недостасува минералот чиј недостаток доведува и до лоша концентрација, недостаток од енергија, замор, депресија, лош изглед на кожата и проблеми со косата.

0
279

Јодот го контролира функционирањето на штитната жлезда и игра важна улога во одржувањето на нејзината работа. Помага за регулирање на потрошувачката на калории и учествува во превенција од таложење на вишокот масно ткиво.

Останатите предности на јодот се елиминирање на токсините од телото и учество во апсорпцијата на низа минерали, како што се калциум и силициум.

Јодот влијае на функционирањето на штитната жлезда и на тој начин индиректно го контролира производството на хормоните одговорни за работата на метаболизмот која пак влијае на делотворноста на многу телесни органски системи, вклучувајќи ги апсорпцијата на храната, спиењето и користењето на храната како извор на енергија.

Јодот игра важна улога во одржувањето на оптималното ниво на енергија во телото на начин да обезбедува делотворно користење на калориите, не дозволувајќи им да се таложат како вишок масти.

Јодот, како и витаминот Ц, може да ја зголеми активноста на антиоксидантни соединенија во телото и да му обезбеди дополнителна одбранбена мерка против разни болести, вклучувајќи ги срцевите болести и различни видови на рак. Некои истражувања покажале дека јодот директно ги штити мозоните клетки на експерименталните глувци од штетното влијание на слободните радикали.

Ако забележите дека на вашиот организам му недостасува јод, јадете храна богта со овој минерал кој најмногу го има во морската риба, морските плодови, морковите, спанаќот, ротквиците, грашокот, компирите, печурките, јагодите, бананите, зелката, кромидот, салатата и жолчките.

Фото: Pexels