Состојки:
1 кг брашно
500 мл топла вода
1 сув или свеж квасец
2 лажички шеќер
2 лажички сол
1,5 дцл масло
2-3 лажички посен мајонез
100 г маргарин
семки од тиква (или некои други по ваш избор)
Приготвување:
Ако користите сув квасец, ставете го веднаш во брашното, заедно со шеќерот, солта, маслото и водата. Замесете тесто, покријте го со крпа и оставете го половина час.
Потоа премесете го тестото и поделете го на 5 топчиња.
Оставете ги уште 10-15 минути па расукајте ги едно по едно во круг, поделете го секој на осум триаголници, полнете ги со филот (пропржен сечкан праз со сечкани свежи печурки, сол и црн пипер), намачкајте ги одозгора по малку со посен мајонез, ставете по неколку семки од тиква и ставете ги да се печат во загреана рерна.
Кога ќе се испечат премачкајте ги со топол растопен маргарин и покријте ги со крпа.