Ви требаат малку поголеми шампињони, а такви, за среќа, лесно се наоѓаат кај нас.
Малку козјо сирење, авокадо и имате вистинска ексклузива.
Состојки:
10 големи шампињони
2 авокада
Околу 150-200 грама козјо сирење
Лук
Магдонос
Маслиново масло
Сок од лимон
Сол и црн пипер
Приготвување:
Извадете ги дршките на печурките и исечкајте ги на поситни делчиња. Авокадото исечете го на коцки и зачинете со сок од лимон, сол, црн пипер, лук и маслиново масло.
Додадете го сирењето исечено на коцкички и исечканите дршки кои претходно треба малку да се потпржат на маслиново масло.
Наполнете ги печурките со смесата и печете ги 20-тина минути на температура од 180 °C.