Почнавте да садите домати? Еве како да ги заштитите од болести

Американската агенција за заштита на средината (EPA) ја прогласила сода бикарбоната за безбедна за јадливите билки. Освен сода бикарбона, за заштита на билките може да се користи и млеко.

0
751

На страниците на ATTRA, односно програма која ја развил и со неа управува Националниот центар за соодветна технологија (NCAT) се појавило соопштение за сода бикарбоната како благотворно антифунгално средство кое може да се користи при одгледувањето на разни земјоделски култури. Иако на почетокот се развила загриженост заради натриумот кој може да ги уништи листовите, корените и другите делови на билките, а може да се задржи и во тлото, со натамошни истражувања е утврдено дека не станува збор за количина која би била доволна за сериозни штети.

Американската агенција за заштита на средината (EPA) го прогласила натриум бикарбонатот, односно сода бикарбоната безбедна за јадливите билки.

Болестите на доматите, како што се габичките на листовите, најдобро напредуваат кога е голема влажноста, а температурата на воздухот е помеѓу 15 и 20 степени. Некои видови габички можат брзо да се рашират по остатокот од листот и билката и да предизвикаат скапување на плодовите.

Габичките можете да ги познаете по кафените или црни точки на листовите – кои можат да доведат до целосна зараза на билките, стебленцата и плодот.

Бели дамки на горната страна на листот, сиви испакнатини со темни рабови кои можат да укажуваат на болести на коренот.

Но не е неизлечиво. Најпознат природен начин за борба против разни видови габички на билката е сода бикарбона.

Па така, додека со нетрпение чекате да пораснат вашите вкусни домати, ако забележите невообичаени дамки на лисјата, пред да одлучите да употребите опасни и штетни хемикалии, обидете се со едноставен трик – сода бикарбона која е делотворна за различни болести на доматите.

Направете спреј од сода бикарбона и прскајте ги доматите наутро или навечер за да не се оштети билката.

Еве два рецепти за приготвување на спреј од сода бикарбона.

Првиот рецепт е по советите на градинарите од Санта Клара кои се еден од најпознатите производители на домати на светот, комбинира 5 лажици хортикултурно масло со 7,5 литри вода.

Водата и маслото добро измешајте ги, а потоа додадете 8 лажици сода биарбона  мешајте додека не се стопи во целост.

Вториот рецепт е комбинација од сода бикарбона и природно средство за миење садови.

Потребно е да се внимава средството за миење садови да е сосема природно, без избелувачи, мириси и други адитиви.

Помешајте 2 лажици сода бикарбона, 2 лажици хортикултурно масло и 4 капки средство за миење садови во 7,5 литри вода.

Пред да го нанесете спрејот отстранете што е повеќе можно од зафатените лисја од билката.

Попрскајте ги своите билки само со вода за да се отворат порите.

Дури потоа нанесете ја мешавината со сода бикарбона. Попрскајте убаво по целата билка и не ја заборавајте долната страна на лисјата.

Повторувајте ја постапката секој ден, седум до осум денови, додека не ја доведете болеста под контрола.

Како и кај повеќето работи, и тука е важно користењето на овој спреј да е умерено, зашто прекумерното и зачестено користење на спреј од сода бикарбона може да предизвика сушење на лисјата, а освен тоа, содата букарбона може и да се акумулира во тлото кадешто ги впива железото и калциумот и ја спречува апсорпцијата на железо во билката. Тоа може да резултира со бавен раст или жолтеникави лисја.

Освен сода бикарбона, за заштита на билките може да се користи и млеко. Посебно е популарно прскањето на пиперките и краставиците со млеко.

Фото: Pixabey