Оваа лесна пита со мешавина од три вида брашно (спелтино, интегрално и пченкарно), козјо сирење и семки, изгледа многу едноставно, но е особено вкуснa.
Состојки:
3 јајца
1 шолја спелтино брашно
1 шолја интегрално брашно
1 шолја пченкарно брашно
1 прашок за пециво
1 шолја кисело млеко
1/2 шолја маслиново масло
150 грама козјо сирење
За поросување:
семки од тиква, семки од сончоглед, ким
Приготвување:
Се мешаат трите видови брашно и прашокот за пециво.
Се матат јајцата и се додаваат киселото млеко и маслото. Во оваа смеса се додаваат полека брашната и здробеното сирење. Се мешаат и смесата се става во подмачкана тепсија. Се поросува со семки по ваш избор.
Се пече околу 30-35 минути на 200 степени.