Колач со хељдино брашно, рогач и јаболки

Денеска е ден за испробување нови рецепти...така се роди и овој најлесен колач со брашно од хељда и со нашиот најголем хит-мелениот рогач

0
437
Фото: Стефани Христов

Состојки:

100 г хељдино брашно

50 г рогач

150 г мелени ореви

100 г кафеав шеќер

1,5 лажичка прашок за пециво

2 лажички цимет

1 јајце

4 рендани јаболки

За прелив:

100 г црно чоколадо

3-4 лажици млеко

малку путер или 1 лажица кокосово масло

Приготвување:

Ставете ги во еден сад ренданите јаболки, шеќерот, циметот, прашокот за пециво и изматеното јајце (изматете го настрана со вилушка).

Измешајте ги одделно брашното, рогачот и мелените ореви и полека со лажица додавајте ги во првата смеса. Смесата претурете ја во подмачкан и набрашнет сад за печење и печете 30-35 минути на 180 степени.

Чоколадото, млекото и кокосовото масло ставете ги во сад и на рингла на пониска температура, додека не се растопи чоколадото. Преливот истурете го врз подизладен колач и уживајте во овој брз и лесен колач за кој не ви треба миксер, ниту едно чудо садови.