Плескавици од целер

Уште една веге варијанта на плескавици, овојпат со комбинација на целер и компири.

0
207

Состојки:

200 г корен целер

200 г компири

1 жолчка

1 лажичка брашно

сол, црн пипер

2 лажици масло од репа

4 ленти чаден лосос

мајчина душица за украсување

Приготвување:

Излупете ги целерот и компирите и изрендајте ги на ленти. Помешајте ги со жолчката и брашното и зачинете. Во тефлонско тавче загрејте го маслото од репка.

Од смесата обликувајте 4 плескавици и испржете ги на врело масло и пржете ги 4-6 минути од двете страни. Потоа извадете ги и оставете ги на кратко врз хартиена салфета да се исцеди вишокот масло.

По желба, послужете ги со лента чаден лосос и урасете со ливчиња мајчина душичка.

Фотографијата и рецептот се од ТУКА.