Состојки:
За тестото:
500 г брашно
250 г путер или маргарин
Вода по потреба
1 лажичка сол
За филот:
2 стапчиња праз
500 г шампињони
Зејтин
Со, бибер, оригано
Приготвување:
- Замесете го тестото и поделете го на две топчиња кои ќе ги премесувате и премачкувате со путер барем три пати, а во меѓувреме ќе ги оставате да одлежат во фрижидер.
- Во меѓувреме, пригответе го и филот такашто ќе ги исечкате празот и печурките и ќе ги пропржите во малку зејтин и ќе зачините.
- Тестото развлечете го на две кори. Едната ставете ја во тепсијата премачкана со зејтин, а одозгора ставете го филот (и се разбира, паричката завиткана во фолија), а врз филот ставете ја и втората кора.
- Избоцкајте ја питата со вилушка на повеќе места и ставете ја да се пече во загреана рерна на 170 степени околу половина час.