Состојки:
300 г просо
500 мл вода
1 голем праз
350 г блитва
Маслиново масло
Морска сол
3-4 лажици интегрален сусам
Приготвување:
1. Добро измијте ја блитвата, ислистете ја од стебленцата и накусо избланширајте ја во зовриена, солена вода. Потоа брзо прелијте ја со ладна вода, добро исцедете и исечкајте ја на покрупни парчиња.
2. Празот исечкајте го на ситно и издинстајте го малку на маслиново масло.
3. Просото истребете го од нечистотии, а потоа смелете го во електрична мелница, за да добиете прав.
4. Ставете ги во чинија просото, блитвата, празот, водата, солта и малку маслиново масло па се уѕбаво измешајте. Смесата можеби ќе биде ретка, но тоа е во ред.
5. Огноотпорен сад (со димензии 18×30) намачкајте го со маслиново масло и ставете го во рерна на 220° C за маслото да се загрее. После 5-10 минути ставете ја смесата, израмнете ја, поросете со сусам и вратете да се пече околу 1 час. Треба убаво да се зарумени.
6. Извадете го од рерна и сервирајте ја питата кога маалку ќе се подизлади.