Пита со лосос и зеленчук

Француските отворени пити станаа дел од нашеите трпези па речиси и нема пригода во која не се прават. Ги сакаат и оние што се по благото, но и љубителите на солени јадења затоа што можат да се прават во безброј варијанти.

0
201

Состојки:

1 пакување лиснато тесто

1 модар патлиџан

1 тиквица

1 пиперка

Сол

1 младо лукче

100 г чаден лосос

1 шолја рикота или урда

100 г павлака

4 јајца

1 шолја пармезан

1 лажичка оригано

Црн пипер

3 лажици маслиново масло

1 лажица оцет балсамико

100 г млад спанаќ

1 рака поточарка

3 гранчиња мајчина душица

1/3 шолја фета

Приготвување:

  1. Загрејте ја рерната на 180 степени Целзиусови и премачкајте ја со путер тепсијата за печење
  2. Расукајте го тестото на набрашнета површина на големина на тепсијата за печење и ставете го внатре. Избоцкајте го тестото со вилушка
  3. Патлиџанот и тиквичката исечете ги на тркалца, посолете ги и оставете ги десетина минути да пуштат вода
  4. Исечете ја пиперката на тркалца и наредете ја заедно со патлиџанот и тиквичката врз тестото. Најгоре наредете парчиња чаден лосос.
  5. Во еден сад помешајте го исечканиот лук со малку сол и додадете му ги урдата, павлаката, јајцата и пармезанот, па добро измешајте. Додадете оригано и зачинете со сол и со црн пипер и прелијте врз питата.
  6. Печете околу 45-50 минути. Извадете ја од рерна и оставете малку да се излади. Измешајте ги маслото и оцетот и послужете ги во мал сад со питата, а врз неа распоредете го свежиот спанаќ и поточарката и наросете со мајчина душичка и фета.