Пилешко со дуњи

Оваа есен пилешкото добива нов вкус

0
436

Есента е богата со преубави плодови па обидете се да ги искористите во сите можни варијанти. Зошто да не направите нешто ново и поинакво?

Состојки:

3 поголеми дуњи

500 г пилешко бело месо

1,5 дцл масло

1 дцл бело вино

2 дцл вода

3 лажици брашно

1 лажичка шеќер

1 лажица зачини

Приготвување:

Исечете ги дуњите на кришки, извалкајте ги во брашно и пржете ги на зејтин додека не се заруменат.

 

Извадете ги од зејтинот и во истиот потоа испржете го пилешкото исчеено на коцки кои прво ќе ги извалкате во брашно.

 

Во тавата со прженото месо, додадете вода, вино и зачини, вратете ги дуњите назад оставете се заедно да се вари уште 10 минути.