Една и единствена: Пита од јаболка

0
2080

Јаболката се достапни во текот на целата година, па оваа пита можеме секогаш да ја правиме, но сепак, најубаво ни мириса во есен.

Состојки:

За тестото:

250 г брашно

150 г путер

1 лажичка сол

За филот:

5 јаболки

150 г шеќер

30 г брашно

Цимет

Мускатно оревче

Прстофат сол

20 г путер

 

Приготвување:

Ставете го брашното во еден сад па додадете ја солта. Омекнатиот путер исечете го на коцки и додадете го во брашното. Се добро мешајте додека не добиете трошкаста структура. Додадете малку ладна вода и продолжете да месите се додека не добиете цврсто и мазно тесто.

Набрашнете ја работната површина и обликувајте го тестото во топка која ќе ја преполовите, двете половини ќе ги завиткате во проѕирна фолија и ќе ги ставите во фрижидер да се одморат најмалку половина час.

Во меѓувреме излупете ги јаболката и исечете ги на тенки кришки. Ставете ги во сад шеќерот, брашното, циметот и мускатното оревче па додадете ги и јаболката и се убаво измешајте. По желба додадете сок од лимон.

Расукајте ги на набрашнета површина двете топки тесто. Нека бидат малку пошироки од садот во кој ќе се печат.

Ставете го едното тесто во садот за печење, а потоа распоредете го одозгора филот со јаболки. Врз филот ставете коцки омекнат путер и одозгора ставете го второто тесто. Обликувајте ги краевите од питата  и избоцкајте го тестото пред да го ставите да с епече во згареана рерна.

Печете околу 40 минути.