Самите маслинки содржат бројни активни фитонутриенти, како полифеноли и флавоноиди, кои исто така имаат противвоспалителни својства. Со нивното дејство се намалуваат симптомите на астма, артритис и реума,три заболувања за чие настанување најголеми виновници се слободните радикали. Кога маслото од овојплод неби требало да се користи?
Ако не сте сигурни дека е квалитетно
Пред да го употребите маслиново масло за готвење или како средствозанега на кожата, важно е да бидете сигурни дека навистина станува збор за екстра девствено масло. Некои истражувања тврдат дек дури 80 отсто од италијанските маслиново масла се „загадени“ со некои други масла. Можеби го правеле од помалку квалитетни маслинки, во него додале масло од минатата година или го помешале со некое растително масло за да добијат на количина.
За пржење
Одреден број стручњаци за областа на кулинарството тврдат дека маслиновото масло престанувада биде здраво за нашаето срце ако се загрева на многу висока температура, иако некои тврдат дека тоа нема да ослободи штетни токсини во текот на загревањето.
Нутриционистката Бриџет Бенет вели дека маслиновото масло, баш како и сите масла, во текот на загревањето се „распаѓа“ па голем број важни материи, како омега-3 масните киселини и антиоксидансите, пропаѓаат во процесот.
За скара
Многу готвачи препорачуваат маринирање на зеленчук и месо наменето за печење на скара во маслиново масло. Оваа постапка нема да ви наштети, но исто така, нема ни да донесе многу користзатоа што веројатно маслото ќе гори, ќе предизвика пламен и ќе направи храната да има вкус на изгорено дрво. Бидејќи храната на скара не бара масло, добро намачкајте ги решетките, но со масло кое поднесува толку високи температури. Кога е храната готова, тогаш можете да ја премачкате со маслиново масло.
За колачи
Според зборовите на производителот Olivers & Co., во одредени прехранбени производи може да се додава маслиново масло наместо маргарин или путер. Но она што треба да го запамтите е дека маслиновото масло има силна арома па може да го смени вкусот на колачите.
Како препарат за нега на кожа склона на акни
Веројатно сте чуле дека многу го фалат маслиновото асло кога станува збор за убава и здрава коса, а често може да се најде и во производи какви што се сапуните, пилинзите или лосионите. Нема ништо лошо во тоа, но маслиновото масло може да ги влоши проблемите на оние чија кожа е склона кон пукање и кон акни затоа што маслиновото масло може да ги затвори порите.
Фото: Pixabey