Освежителен десерт готов за 10 минути

Ако сте желни за нешто слатко, нешто ладно и нешто освежително, еве рецепт за десерт кој е сите три во едно.

0
415

Станува збор за едноставен крем врз база на павлака кој за разлика од вистинското тирамису е полесен и помалку калоричен.

Испробајте го рецептот за ова лажно тирамису кое ќе ве воодушеви, особено затоа што лесно се прави.

Состојки:

10 дкг пишкоти

2 дцл ладно млеко (по потреба малку повеќе)

400 г павлака

1 мала лажица екстракт од ванила

2 лажици шеќер во прав

10 дкг боровинки или друго овошје по ваш избор

малку пропржени и карамелизирани јаткасти плодови за украсување

свежи ливчиња нане

Приготвување:

Подгответе ги садовите во кои ќе го сервирате десертот.

Ставете во павлаката шеќер и екстракт од ванила и измешајте со миксер.

Пишкотите натопете ги во млеко, преполовете ги и распоредете ги во чашите.

Ставете во секоја чаша по неколку боровинки и прелејте сѐ со неколку лажици од кремот од павлака.

Ставете ги чашите во фрижидер на 1 час, а пред пред сервирање украсете ги со уште неколку боровинки и карамелизирани оревчиња или некои други јаткасти плодови, или пак малку какао или со рендано црно чоколадо.

Фото: Pixabey