Пет необични начини на кои можете да употребите Кока Кола

0
251

Кока Колата им е на многумина омилен пијалок, но често, освен за пиење, се употребува и за некои сосема поинакви цели. Дури и нејзините најголеми противници, тогаш ќе посегнат по неа.

  1. За сува коса

Ортофосфорната киселина што ја содржи овој пијалок, ја прави косата блескава, мека и кадрава. Ниската PH вредност на овој напиток делува смирувачки на косата и на темето на оние со сува и кршлива коса. Ако имате кадрава коса, потопете ја во Кока Кола и оставете да делува 5-10 минути, а потоа исплакнете ја. Актерката и модел Суки Вотерхаус открила дека повремено се служи со овој трик.

  1. Ја отстранува гумата за џвакање од косата

Ако некогаш сте имале непријатна ситуација, да ви се залепи гума за џвакање во косата, постои решение. Наместо да го исечете праменот, потопете го или натопете го со Кока Кола и оставете да делува. Можеби ќе ви треба подолго време за да ги отстраните остатоците од влакната, но е секако подобро решение отколку шишањето.

  1. Вадење на бојата од косата

Ако бојата на косата не ви излезе онака како што сте очекувале, може да ви помогне Кока Кола. Лимонската киселина ќе ја нагризе бојата па можете дури и сосема да ја извадите.

  1. Штити од инсекти

Индиските фармери помеѓу своите насади ставаат садови со Кока Кола. Шеќерниот сируп од напитокот ги привлекува инсектите кои наместо на билките ќе се задржат на течноста.

  1.  Против јадеж и болки

Јадежот и иритацијата предизвикани од убод од инсект значитечно ќе ги редуцирате ако на тоа место ставите газа натопена во Кока Кола. Истиот трик ќе ви послужи и ако ве касне медуза.