Ситуациите во кои со тешко срце фрламе само до пола потрошени намирници затоа што не сме сигурни дека се се уште безбедни за јадење, им се случуваат на сите. Знаеме дека млекото, јогуртот и сирењето имаат ограничен рок на траење, исто како и овошјето, зеленчукот и месото. Но дали постојат намирници на кои рокот никогаш не им истекува? Подгответе ги на вистинскиот начин и уживајте во нив уште долго по отварањето.
Домашниот квалитетен мед е намирница која може да трае засекогаш иако можеби со време ќе ја смени бојата или ќе кристализира. Сепак, никаква промена нема да влијае врз нивниот вкус или состав се додека го чувате добро затворен на поладно место.
Без оглед на видот, оризот има бесконечен рок на траење. Исклучок е кафеавиот ориз кој ќе трае нешто пократко заради својот состав. Чувајте го оризот на суво и поладно место, а кога еднаш ќе го отворите, складирајте го во затворен стаклен сад.
И шеќерот може да трае цела вечност. Тој не може да се расипе затоа што на него не можат да се развијат бактерии. Единствена опасност од која треба да се чувате е да не стане премногу тврд. За да го спречите ова, чувајте го на поладно, суво место, а по отварањето распоредете го во помали стаклени садови и користете го по потреба. Истото важи и за солта.
Вотката, румот, џинот и бројни други алкохолни пијалоци не можат да се расипат. Никогаш! Дури ни откако ќе ги отворите. Треба само да ги чувате на суво, темно и поладно место.
Домашниот екстракт од ванила кој можете да го направите од вотка и стапче ванила, ќе трае засекогаш. Треба да го чувате на темно и ладно место, добро затворен.