Пет аргументи во полза на љубителите на ракија

Ако жената, девојката, родителите или пријателите ве напаѓаат затоа што пиете ракија, еве пет аргументи кои можете да ги кажете во ваша одбрана.

0
759

Консумирањето на ракија може да ви донесе неколку здравствени предности, секако, доколку не претерувате со количината.

Го продолжува животниот век

Преголема количина на ракија, како и на било кој алкохол дефинитивно ќе ви го скратат животниот век, но умерената количина може да ви го продолжи, пишува Блиц.

Ослободува од стресот

Доколку пиете во умерени количини, ракијата ќе делува на нервниот систем, така што ќе ве опушти. Повторуваме, секако, доколку ја пиете во умерени количини.

Го намалува ризикот од мозочен и срцев удар

Одлична работа кај ракијата е тоа што спречува создавање на наслаги од холестерол во вашиот кардиоваскуларен систем, такашто помага да се намали количината на холестеролот. А тоа пак, драстично ја намалува опасноста од срцев и мозочен удар.

Помага во превенцијата од настинка

Веројатно не сте знаеле дека ракијата може да служи како одличен сируп против кашлица. Исто така, алкохолот помага за убивање на сите бактерии во грлото. Најдобар ефект ќе постигнете ако го измешате со топла вода и лимон.

Не дебелее

Еве одличен аргумент – за разлика од газираните или некои „природни“ сокови, ракијата е алкохол со мал број калории. Со пиењето на ракија го смалувате холестеролот и не ја зголемувате килажата.

Секако, сето ова важи ако се консумира во умерени количини.