Пченично месо: Јадење на будистичките вегетаријанци со 3 пати помалку калории од месото

Сејтанот содржи голем процент на белковини, а мал на масти па спаѓа во нискокалорични намирници. На пример, има еднаква количина на белковини како шнила месо, а 3 пати помалку калории.

0
769

„Пченичното месо“ или сејтанот е една од честите намирници на трпезата на вегетаријанците и веганите. Што е всушност сејтан?

Станува зор за јапонски назив за варен пченичен глутен кој со изгледоѕ и текстурата потсетува на месо. Го јаделе будистите вегетаријанци како замена за месо. Сејтанот содржи голем процент на белковини, а мал на масти па спаѓа во нискокалорични намирници. На пример, има еднаква количина на белковини како шнила месо, а 3 пати помалку калории.
Сејтанот е добар извор на железо, рибофлавин, тиамин, а има и витамин Ц.
Сам по себе сејтанот нема некој специфичен вкус, затоа е подобро да се комбинира со различни сосови или во јадења кои вообичаено се прават со месо. Може да се купи во продавниците за здрава храна, а можете да го подготвите и сами.

Состојки:

1 кг брашно
6 дл вода

Приготвување:

Замесете тесто од брашно и млака вода, па оставете го во сад со вода околу 1 час.
Тестото треба да е потопено цело во вода.
Потоа тестото треба да се измива неколку пати. Менувајте ја водата се додека не се избристри.
На овој начин се отстранува скробот и се добива тесто кое наликува на гума, односно глутен. Добиеното тесто, ставете го во чиста газа и ставете го да се вари во солена вода еден час, а можете во водата наместо сол да додадете соја сос (вистинскиот рецепт е со соја сос или тамари сос). Можете при процесот на варење да додате некој зачин по ваша желба, на пример бибер, кари, лук, ким, итн. По ова постапувајте со сејтанот како со месо и приготвувајте го во сите рецепти како замена за месо.