Пашканатот е двегодишна билка која е богата со етерични масла, минерали, влакна и разни витамини како што се Б, Ц и Е.
Меѓутоа, од сето наведено, пашканатот најмногу се користи како богат извор на калиум што го прави совршена намирница за чување на здравјето, особено кога станува збор за здравје на срцето, белите дробови, црниот дроб и бубрезите.
За што е сѐ добар пашканатот?
Едно од најпознатите својств на оваа билка е она диуретичкото. Имено, како такво добро служи за исфрлање на вишокот на вода од телото. Освен тоа, благотворно делува и за:
регулирање на крвниот притисок, здравје на крвните жили, лекување на грчеви во стомакот, здравје на срцето, покачена телесна температура, проблеми со варењето. Има уште многу причини зошто е добро пашканатот да се употребува во секојдневната исхрана.
Го подобрува здравјето на кардиоваскуларниот систем, богат е со топиви влакна кои освен што го снижуваат нивото на холестерол во крвта и со тоа делуваат превентивно против дијабетес, го подобруваат и варењето олеснувајќи ѝ го на храната патот низ дигестивниот тракт и на тој начин го намалуваат ризикот од гастроинтестинални болести. Пашканатот помага и за слабеење. Има многу малку калории, а топивите влакнаво него спречуваат лачење на хормонот грелин кој е одговорен за чувството на глад и потребата за грицкање помеѓу оброците.
Пашканатот го јакне и системот за имунитет, а помага и за чување на бременоста. Имено, пашканатот содржи импресивна количина витамин Б9, односно, фолати, чија активност се поврзува со оптимализирање на метаболичките процеси што е посебно важно во текот на развој на плодот во бременоста, но и подоцна во растот и развојот на детето.
Како да се употребува?
Пашканатот може да се искористи цел – од листовите до коренот. Најчесто се користат неговите корни кои може да се додават во разни супи или варива на истиот начин како што ги додаваме и морковите. Од друга страна, листовите можат да се користат како зачинска билка, исто како што се користи и магдоносот.
Кога станува збор за чувае на пашканатот, најдобро е да го чувате во фрижидер, но претходно ставете го во кесичка за храна од која ќе го истиснете воздухот. Освен тоа, треба да бидете внимателни со него заоа што содржи многу етерини масла кои можат да предизвикаат алергиски реакции. Задолжително измијте ги рацете откако сте го фаќале пашканатот со раце.
Фото: Pixabey