Не ви требаат ниту млеко, ниту брашно, па се одлични и за оние кои се алергични на глутен. Можете да ги прелиете со чоколадо, мед или јаворов сируп, а на смесата можете да ѝ додадете и оревчиња или свежо овошје.
Се што треба да направите е да станете барем 20 минути порано.
Состојки:
1 зрела банана
2 јајца
Приготвување:
Изматете ги јајцата и додадете им ја згмечената банана. Добро соединете ги па пржете мали палачинки во тефлонска тава, отприлика по една минута од секоја страна.