Состојки:
2 јајца
200 г млеко
1 лажица растително масло
100 г брашно
100 г пченични никулци
100 г кокос
50 г чоколадни снегулки
1 лажичка цимет
прстофат сол
прстофат шеќер
За полнењето:
Овошје и пекмез по желба. Ние ги направивме со парченца манго и со домашен пекмез од шипки.
Приготвување:
Постапката е иста како и за сите други палачинки со тоа што се овие малку подебели.
Ги мешате состојките во смеса од која потоа се печат палачинките како и сите други палачинки освен „мрзливите“ (тие се прават наеднаш, во рерна).
Ги филувате по желба и ги јадете топли.