Еве како за помалку од 1 час (во ова време е вклучена и набавката на намирниците) да подготвите пакетчиња за смути за цела недела. Направете ја својата омилена комбинација, ставете во кесички и замрзнете. Кога ќе посакате смути, само истресете ја содржината од кесичката во блендер, додадете вода, додатоци како чиа семки, овесни снегулки и слично и готово.
Состојки:
300 г свеж спанаќ или некој друг зелен лиснат зеленчук
2 портокали
400 мл кокосово или бадемово млеко
1 јаболко
100 г јагоди
100 г ананас, киви или капини
Коцки мраз или замрзнато млеко од кокос или бадем (количината е наведена погоре)
Приготвување:
1. Кокосовото или бадемово млеко замрзнете ги во садови за мраз.
2. Сите состојки исечете ги на коцки и распоредете ги по кесички. Додадете во секоја кесичка по неколку листови од спанаќ и 1-2 коцки замрзнато кокосово млеко.
3. Кога ќе посакате ставете ја соржината од кесичката во блендер, додадете вода и уште некои додатоци по ваш вкус (ленено семе, чиа семе, овесни снегулки, кокос, јаткасти плодови) и имате брзо смути секој ден.