Паеља

0
693

Состојки:

1 Кромид

2-3 чешниња лук

Магдонос

Црвен пипер

Мајчина душичка

1 домат

1 црвена пиперка

1 шолја ориз

3 лажици бело вино

Сол

Шафран

Грашок

Морски плодови

Масло

Сок од 1 лимон

Приготвување:

  1. Во мало тенџере ставете 1 литар вода да зоврие. Доколку имате шафран ставете малку за да добие паељата убава боја.
  2. Пропржете го кромидот а потоа додадете ги и лукчето и оризот и оставете да се пропржат една минута. Доматот изрендајте го и додадете го во оризот, измешајте убаво и ставете од зовриената вода.
  3. Кога водата ќе испари, додадете уште вода, грашокот, пиперката и морските плодови и поклопете го тавчето и оставете го на оган уште 10-тина минути.
  4. Тргнете го тавчето од оган, исцедете еден лимон одозгора, оставете го да се подизлади неколку минути и поросете свеж магдонос.