Состојки:
500 г цвекло
150 г прокељ
2 лажици соја сос
1 лажица масло од сусам
4 чешниња лук
1 лажичка чили паста
1 дл маслиново масло
500 мл вода
2 ливчиња желатин
1 лимон
Сол, црн пипер
Приготвување:
Сварете го цвеклото во солена вода. Исчистете го и исечете го на тркалца.
Загрејте го маслиновото масло во тава и ставете го исечканиот лук, па изгаснете го огнот.
Во еден сад измешајте ги солта, црниот пипер, чили пастата, лукот и цвеклото – па додадете го маслиновото масло и малку сок од лимон.
Прокељот измијте го.
Во загреана вок тава ставете го соја сосот и прокељот па кога малку ќе омекнат, додадете сусамово масло, промешајте и зачинете. Додадете ја и подготвената салата од цвекло.
Во меѓувреме зовријте ја водата и растопете го во неа желатинот.
Малку нека се олади па ставете прво еден дел, а потоа подготвените цвекло и прокељ.
Прелијте повторно со водата и желатинот и оставете на ладно да се стегне.
На крај поросете со бел пипер и послужете со пенливо вино.