Овошен колач со рогач

Еве уште еден од нашите омилени брзи колачи, ама за да не биде здодевно, овојпат го направивме со рогач и, се разбира, со сливи чија сезона е веќе при крајот

0
220

Ништо покомплициран од вообичаените колачи што се прават брзо и во еден сад со некое сезонско овошје.

Но, овојпат, наместо на вообичаениот начин, ставивме и уште некои состојки кои ќе ве вратат во детството…секако, доколку некогаш сте ги јаделе оние слатки плодови од дрвјата кои ги имаше во градскиот парк – рогач.

Состојки:

3 јајца

300 г брашно

100 г ситно мелен рогач

100 мл кокосово масло (наместо тоа можете да ставите и растопен путер или обичен зејтин)

100 г кафеав шеќер

200 мл јогурт

1 прашок за пециво

1 ванилин шеќер

1 лажица рум

цимет

15 преполовени сливи

Приготвување:

Измешајте ги сувите состојки.

Во друг сад изматете ги јајцата со јогуртот и со маслото и румот.

Измешајте ги полека сувите и мокрите состојки и истурете ја смесата во претходно подмачкана и набрашнета тепсија.

Во смесата втиснете ги половинките на сливи со внатрешноста нагоре и поросете ги со ванилин шеќер и цимет.

Печете околу 30 минути на 180 степени.

Кога ќе биде готово, извадете го колачот и доколку сакате малку поблаги вкусови, поросете го колачот со шеќер во прав.