Во овој колач нема брашно, туку урда, јајца и путер, па е лесен како облак, а благодарение на овошјето има и свеж и киселкаст вкус, идеален за лето.
Состојки:
5 јајца
150 г шеќер
450 г урда
200 г путер
1 лажичка прашок за пециво
1 ванилин шеќер
Шеќер во прав за поросување
Овошје по желба (ние ставивме 5 праски)
Приготвување:
- Се матат белките и ванилиниот шеќер во пена.
- Жолчките, путерот омекнат на собна температура и шеќерот се матат одделно од белките, им се додава урдата и прашокот за пециво и на крајот, полека, со рачна маталка помешајте го внатре и снегот од белки.
- Пола од смесата истурете во подмачкан и набрашнет калап за колач, одозгора наредете ги праските исечени на кришки и прекријте ги со остатокот од смесата. (Ние употребивме поголем калап, па немаше доволно смеса за да се прекријат праските, но сеедно беше многу вкусен)
- Печете го околу 45-50 минути на 160-170 степени, во зависност од рерната.
- На крајот, оставете го да се лади во изгасната рерна, одвојте го од рабовите и поросете со шеќер во прав.